Приведено лице во Штип, управувало возило со брзина од 151 км/h на место каде е дозволено 80 km/h
Полицијата вчера на експресниот пат Штип-Кочани уапсила едно лице откако со радар утврдила дека управувал со возилото со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-На експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани, информираат од МВР.
Оттаму појаснуваат дека при контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија