-->
-->
Приведено лице од Скопје поради кражба на пари од возило
-->
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода 48-годишниот Џ.Б. од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 09.45 часот на улица „Војдан Чернодрински“, на паркинг простор пред деловен субјект, извршил кражба на пари од товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.М. (41) од кумановското село Черкези.
– Џ.Б. е приведен во Полициска станица Бит Пазар. Кај него се пронајдени дел од одземените пари и вратени му се на З.М.. За настанот е известен дежурен Јавен обвинител и по документирање на материјалот ќе следува поднесок, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД