-->
-->
Приведено лице од Косово, на граничен премин се обидело да поткупи полициски службеник
-->
Денеска (07.06.2022) на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишија од слобода косовскиот државјанин С.Ј.(56).
Тој управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација. Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа.
По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионален центар за гранични работи Север против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември