Македонија
14. November 2023 - 15:09

Приведено 23-годишно лице барано со потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишија од слобода С.Е. (23) од скопското село Грчец.

Како што соопшти МВР, С.Е. бил баран со потерница по наредба на КПУ Затвор Скопје, а бил осуден на казна затвор во траење од три години.

С.Е. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа.