Македонија
21. April 2024 - 12:10

Приведени тројца турски државјани за нелегален влез во државата

На 20.04.2024 во 21.50 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги привеле O.Б.(24), Ј.М.(32) и О.Б.(40), сите од Република Турција, затоа што по извршен проверка и контрола било констатирано дека оствариле илегален влез во државата, соопшти МВР.

Со нив бил извршен службен разговор, по што лицата биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.