Приведени тројца криминалци, едниот од нив бил баран со потерница за доиздржување 12 години затвор
На 02.06.2022 во Виница, полициски службеници на СВР Штип – Полициска станица Виница ги лишиле од слобода Д.С.(34) од Крива Паланка, С.Т.(22) од Зрновци, кочанско и Б.И.(37) од с.Грдовци, кочанско.
При претрес, извршен со судска наредба, во патничко возило „ауди“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С., сопственост на Б.И., во кое сопатник бил С.Т., биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, остри предмети, странски лични документи, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кривични дела.
По извршени проверки било утврдено и дека Д.С. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна од 12 години, а бил осуден на вкупно 22 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.
Пронајдените предмети кои потекнуваат од кражби ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони