Македонија
13. April 2020 - 9:32

Приведени се 134, а вкупно 172 лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 12/13.04 по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.