Приведени над 90 лица во голема полициска акција во Атина
Грчката полиција рано утрово започна голема полициска акција во објекти под опсада во атинската населба Ексархија, а до 9 часот по локално време (8 часот по средноевропско време) биле приведени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во објектите под опсада, неофицијално, имало лица поврзани со трговија со дрога.
Ексархија, што се наоѓа во поширокиот регион на центарот на Атина, важи за собиралиште на анархисти, но е и населба во која се движат и трговци со дрога.
Минатата седмица, во Ексархија група маскирани лица, веројатно анархисти, нападнаа службеници на грчката крајбрежна служба и обвинители за време на нивната истрага за случај со дрога.
Во полициската акција, која што е во тек, учествуваат полицајци од различни служби на грчката полиција.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии