-->
-->
Приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
-->
Две лица се приведени под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
- Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, велат од МВР.
Како што потенцираат, се постапува за целосно расчистување за настанот.
Дел од медиумите објавија дека е приведен директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи кој заедно со уште едно лице барале поткуп од 20.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец