Приведени две лица за инцидентот со Зијадин Села и едно лице за претседателот на СДСМ
К.Ѓ. (39) од Скопје и неговиот татко Ц.Ѓ. (68) утрово се приведени во полициската станица Кисела Вода под сомнение дека го нападнале пратеникот Зијадин Села во Собранието за време на насилствата и нередите на 27 април.
Кривична пријава, пак, како што соопшти МВР, ќе биде поднесена против И.К. (37), исто така од Скопје, кој се товари за напад врз претседателот на СДСМ и пратеник Зоран Заев.
Во домот на К.Ѓ. околу шест часот утрово бил извршен претрес при што се пронајдени и подигнати патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои му се одземени. Утврдено е дека во собраниската сала 3, каде што се одржуваше прес-конференцијата, Ц.Ѓ. најпрво фрлил стол, а К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле Зијадин Села.
Според МВР, И.К. бил повикан на информативен разговор вчера попладне околу 12:30 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“. Во разговорот кажал дека откако влегол во салата каде што се одржувала прес-конференцијата, со употреба на физичка сила го нападнал Заев и фрлил стол кон вработени од обезбедувањето.
По разговорот со полициските службеници, И.К. во 16:15 часот е ослободен.
СВР Скопје информира дека во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство, презема мерки и активности за потврдување и документирање на дејствата.
- Исто така, СВР Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, и натаму презема мерки и активности во врска со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните, а се работи и на повикување лица на службени разговори кои досега се идентификувани како лица кои биле присутни или учесници во настаните во Собранието на Република Македонија на критичниот ден, стои во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија