Приведени две лица во Кичево и Штип за безобѕирно управување со моторно возило
Ноќеска во 00.35 часот по полноќ на магистралниот пат Кичево - Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ж.М.(49) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Како што информираат денеска од МВР, исто така, на 9 март во 18.00 часот во близина на село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.
Од МВР велат дека по целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ