Приведени две лица кои на протестите нападнале полициски службеници
– Приведени се две лица кои на 5 јули за време на протестите против францускиот предлог физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства, информира Министерството за внатрешни работи.
- Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа К.С.(18) од Тетово и М.Д.(24) од Скопје затоа што на 5 јули во 21:00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлале со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства, се вели во соопштението од МВР.
До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицата се изнесени пред судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз