Приведени двајца крадци од Скопје
На 05.10.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје поради сомнение дека истиот ден на подрачје на ЕВР Кисела Вода извршил две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид. Лицето било приведено и задржано во полициска станица. По преземени мерки кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните кои ги извршил и тоа: „тешка кражба“ на ул.„Козјак“, „тешка кражба“ на ул.„Димитар Мирасчиев“, „тешка кражба“ на ул.„Стојан Стојановски“ и „тешка кражба“ во обид на ул.„Димитар Мирасчиев“.
Во врска со споменатите дела, односно поради сомнение дека извршил кривично дело „помагање“ во извршување на кривичните дела приведено е и лицето О.И.(29) од Скопје.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци