Приведени двајца кичевчани, едниот возел со 2,05 промили алкохол во крвта
Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 02.00 часот го лишиле од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис.
-При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
Претходно, во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Г.Ј.(28) од Кичево кој, при сообраќајна контрола на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, бил затекнат при управување моторно возило „бмв“ со 1,65 промили алкохол во крвта.
-Двајцата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, наведува Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај