-->
-->
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-->
На 20.02.2025 во 23.05 часот пред наплатна рампа Тетово на автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода М.Ф.(20) и малолетник, двајцата од с. Урвич, тетовско.
При преглед кај нив и во патничкото возило „фолксваген поло" со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ф., а малолетникот бил сопатник, кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана, додека кај М.Ф. бил пронајден нож.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Леклер: Јас и Хамилтон имаме сличен стил на возење
-
Симулациска вежба за вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Студено утро, топло преку ден
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца