Приведени 10 лица од Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација и трговија со дете
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со секторите за внатрешни работи Тетово и Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 лица.
Како што информира МВР, во периодот од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.
-Врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар од слобода се лишени две лица, а едно лице се наоѓа надвор од земјава, соопшти МВР.
Во соопштението се нагласува дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г.Ш. (51) од Тетово за кривично дело „трговија со дете“ (418-г став 2), С.С. (59) од Тетово за „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и став 3), А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 1) и Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) и Ф.А. (63), сите од Тетово и А.Ш. (51) од Гостивар за „трговија со дете“ ( член 418-г став 3) од Кривичен законик.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?