Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.
Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден.
По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна
-
Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден
-
Кривична и притвор за радовишанец, при претрес пронајдена е дрога и цигари со странски бандероли | ФОТО
-
Мегваер за победата над Лион: Луд натпревар
-
Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања
-
Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Украина ако нема јасни знаци дека може да се постигне
-
Приведен 21-годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдено е оружје | ФОТО