-->
-->
Приведен скопјанец за издржување на затворска казна
-->
Попладнево од страна на полициски службеници лишен е од слобода скопјанец по распишана централна потерница за издржување на затворска казна, информира МВР.
– Денеска во 14:25 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, на подрачјето на село Бадар е лишен од слобода П.А.(40) од Скопје, по распишана централна потерница и добиена судска наредба, за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.
Лицето е предадено во полициска станица, по што ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“