Македонија
30. August 2022 - 10:07

Приведен разбојник во Велес

Денеска (30.08.2022), полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.К.(39) од Велес, затоа што на 29.08.2022 со уште едно женско лице физички го нападнале Д.М.(33) од Велес и му одзеле пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.