Македонија
6. March 2024 - 14:06

Приведен разбојник во Битола

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода битолчанецот А.Б.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека на 9 февруари годинава во спортска обложувалница на ул.„Охридска” во Битола со закана кон вработени одзел пари.

По преземени мерки било дојдено до сознанија дека тој е сторителот, по што, подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и возило и биле пронајдени предмети за кои постоои сомнение дека се поврзани со делото.

Тој бил приведен и во службен разговор во полициска станица го признал делото.