-->
-->
Приведен радовишанец кој извршувал кражби во Струмица и Радовиш
-->
На 22.04.2025 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 07.04.2025 извршил кражба на подрачје на Струмица, а на 22.04.2025 извршил кражба на подрачје на Радовиш.
Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случаите против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
-
Во Собрание седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица
-
Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови