-->
-->
Приведен осуденик баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“
-->
Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје лиши од слобода криминалец баран со потерница за затворска казна од 12 години и десет месеци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што наведува во соопштение, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера (21 јули) го уапсиле 34-годишниот Ј.С. од Скопје кој поради бегство од затворот „Идризово“ бил баран со потерница по наредба на Основниот кривичен суд,
-Ј.С. бил осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од Кривичниот законик. Тој ќe биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа, наведува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија со водство од пет гола го порази Катар - втора победа за нашата репрезентација
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција