Македонија
8. August 2024 - 16:56

Приведен маж од Тетовско, пронајдена голема количина стока без соодветна документација

Во тетовското село Мала Речица денеска во 7.30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од тетовско Долно Палчиште. 

При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, соопштија  денеска од МВР, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење цигари и 36 кутии со вкупно 18 000 филтри за цигари.

Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.