Македонија
3. February 2021 - 16:59

Приведен маж од Шуто Оризари, противправно ја држел сопругата

Министерството за внатрешни работи соопштува дека е приведен 44-годишен маж од Шуто Оризари бидејќи противправно ја држел сопругата во нивниот дом.

„Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска (03.02) околу 14.40 часот го приведоа О.М.(44), по претходна пријава дека противправно ја држи својата сопруга М.М. во нивниот дом. Случајот е пријавен од нивниот син, а при приведувањето пронајдени се и два пиштола со околу 32 куршуми и марихуана,“ велат од МВР.