-->
-->
Приведен криминалец од Кичево осуден на 13 години казна затвор
-->
Полициски службеници приведоа криминалец во Битола осуден на 13 години казна затвор.
- На 04.03.2023 во 18.10 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(30) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната. Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит,информира МВР.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри