Македонија
17. October 2020 - 12:16

Приведен дилер од Радовиш

На 16.10.2020 во Радовиш, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Х.(31) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле околу 300 грама марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.