Македонија
6. August 2024 - 18:26

Приведен 66-годишен маж осомничен за напад врз малолетник

Вчера во 21:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода В.П.(66) од село Будинарци, беровско, поради основано сомнение дека околу 19.00 часот во село Будинарци физички нападнал малолетник од село Смојмирово, беровско, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР, соопшти МВР.