Македонија
8. January 2025 - 12:21

Приведен 40-годишен маж за тешка кражба

На 07.01.2025 во село Подареш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Ј.(40) од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект, соопшти МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците.

С.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.