Нимиц: Миграциската криза создава притисок за изнаоѓање решение за спорот со името на Македонија
Посредникот на ОН во спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија Метју Нимиц смета дека по изборите во јуни повторно ќе се создадат услови за решавање на тој проблем.
Во интервју за телевизијата СКАИ, кое го пренесува „Катимерини“ Нимиц истакнува дека миграциската криза го прави уште позначаен моментот за решавање на проблемот, дополнувајќи дека доколку тој беше решен досега двете земји ќе беа партнери во ЕУ и НАТО, а бегалскиот проблем ќе беше надминат поефикасно.
Нимиц потенцира дека се чувствува разочаран бидејќи еден голем период имало „празнина“, која не дозволувала да биде посветено доволно внимание на напорите за решавање на овој проблем.
- Сепак во последно време тоа беше надминато, контактите меѓу претставниците од двете страни се обновени и пронајден е вистинскиот тон за да биде рестартиран преговарачкиот процес, истакнува Нимиц.
Тој вели дека двете страни, од време на време, давале многу груби изјави.
- Разочарувачки е тоа што имаше период на остри изјави, но мислам дека вистинскиот тест за сериозни преговори ќе биде кога двете страни ќе седнат на маса и ќе се соочат едни со други во обид да изнајдат решение. Само на тој начин може да се постигне некаков напредок, потенцира медијаторот Нимиц во емисијата „Приказни“.
На прашањето кога ќе седне на преговарачка маса со двете страни, Нимиц истакна дека во моментов во Македонија има привремена Влада со мандат да организира избори на почетокот на јуни и изрази убедување дека ќе биде организиран неоспорен и фер избирачки процес, по што ќе биде формирана нова влада.
- Кога ќе биде формирана нова влада, верувам дека Атина и Скопје ќе се сретнат со мене и ќе вложиме сериозен напор за решавање на овој проблем, вели Нимиц.
Што се однесува на употребата на „ПЈРМ“, Нимиц потенцира дека таа референца е обврзувачка за Обединетите нации и други меѓународни организации како привремено име во очекување на изнаоѓање решение, додека билатерално, државите можат да ја нарекуваат земјата како ќе одлучат, а Советот за безбедност не може да им наложи поинаку.
Ново на Сител
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
-
Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Дуда бара гаранции дека Нетанјаху нема да биде уапсен доколку го посети Аушвиц