Македонија
12. April 2024 - 11:23

Приведен 24 годишен дебранец за семејно насилство

Полициски службеници синоќа во Дебар привеле 24- годишен дебранец поради семејно насилство.

- Синоќа во 20 часот полициски службеници од дебарското одделението за внатрешни работи го лишиja од слобода В.К.(24) од Дебар поради сомнение дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон 47- годишна жена и нејзината малолетна ќерка од Дебар, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, по насоки од јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Насилникот и нападнатите се во роднинска врска. Тој агресивно се однесувал кон неговата мајка И.К. и неговата малолетна сестра.

Ова е прв регистриран случај на семејно насилство годинава. Минатата година регистрирани се десеттина случаи на семејно насилство, каде главно е физички напад од страна на сопруг кон сопруга.