Македонија
2. March 2025 - 13:24

Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност

Денеска (02.03.2025) во 03.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишен малолетник, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.