Притвор за лице кое опожари возило во Берово
Притвор од 30 дена му е одреден на беровец осомничен за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Основниот суд Кочани го прифати предлогот за притвор од јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани кој постапува во предметот.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот во петокот (12 февруари) околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото и имотот од големи размери.
-Тој со запаллива течност – бензин полил, а потоа и запалил патничко моторно возило марка „пасат“, паркирано на паркинг-простор на улицата „Кеј на младина“ во Берово. Во непосредна близина на возилото биле паркирани уште две возила, имало дрвен столб за нисконапонска мрежа и станбена зграда со 40 стана. Со неговите дејствија, осомничениот целосно го опожарил возилото и предизвикал поголема имотна штета во висина од 180.000 денари, соопшти ЈОРМ.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците