Притвор за кумановец заради обид за силување
Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик.
– Кривично правниот настан се случил на 27 август 2020 година, околу 12:00 часот во Куманово, кога осомничениот со употреба на сила се обидел да ја присили на обљуба оштетената 76-годишна кумановка. Откако осомничениот забележал дека оштетената живее сама, влегол во нејзината куќа, по што се обидел да го изврши делото. Откако не успеала физички да го оттурне од себе, оштетената го спречила во обидот велејќи дека доаѓа нејзината ќерка, па осомничениот се оддалечил кон излезот, соопшти Јавното обвинителство.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, за осомничениот до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерката притвор поради опасност од бегство и довршување на кривичното дело. Судијата на претходна постапка изврши распит на осомничениот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
МПЦ - ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите
-
Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул
-
Ангелов: Да ги оставиме најблиските за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда
-
Уапсени двајца 18-годишници кои синоќа палеа огномет во градски парк
-
Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија
-
Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана
-
Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА
-
Погреб на загинатите во пожарот во Кочани