Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
Нарачувате онлајн – едноставно, брзо и практично. Но, кога телефонот ќе заѕвони, а од другата страна доставувачот ве прашува каде и кога да ја остави вашата пратка, започнува трката со времето – ќе стигнете ли навреме, или ќе треба да го замолите да дојде друг ден?
Ова се моменти кои носат нишка на нетрпение и очекување, како и стрес и неизвесност.
И повторно телефонот ѕвони... Забрзано ги прелистувате низ глава сите можни комбинации како да ја пресретнете рутата за возење на доставувачот: децата се на училиште, бабата е во маркет, со комшијата не сте се виделе одамна... А шефот го чека извештајот, исто како што доставувачот го чека вашиот конечен одговор, како во квизот „Кој сака да биде милионер?“.
„Како да го решам сега ова?“ – прашање проследено со арсенал од високофреквентни зборови. Таквиот внатрешен дијалог често може да го промени текот на целиот ден.
Меѓутоа, што ако можеме да го ослободиме од стрес целиот процес на доставата?
Што ако ви кажеме дека постои решение?
Што ако ви понудиме начин кој ќе стави точка на бескрајните телефонски повици, на погрешните адреси, на комбинациите и ангажмани на пола роднини, колеги од работа и соседи?
Замислете го тоа чувство – конечно, целосна контрола на вашата пратка, во ваши раце!
Пристигнува GAMECHANGER-от во доставата!
Не зборуваме за обична иновација, туку за револуција што ќе ја промени целата игра. Новата технологија не само што ќе ги реши вашите проблеми, туку ќе ви даде моќ да одлучувате: Кога ќе ја подигнете вашата пратка – ден, ноќ, викенд – вие одбирате, каде ќе ви биде најзгодно – блиску до домот, до работата или до омиленото кафуле, без стрес, без нервози, без чекање!
Заборавете на пропуштени повици и ограничени работни часови. Сега, вашата пратка е таму каде што ви треба и кога ви треба.
Доставата станува ваша игра – а вие сте тие што ги поставуваат правилата.
За прв пат во Македонија – револуција во доставата!
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар