Приштина: Изработката на статутот на ЗСО по 15 декември
Изработката на стаутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово ќе започне веднаш откако на 15 декември земјата ќе го добие својот меѓународен телефонски повикувачки број, се наведува во Извештајот што властите во Приштина го доставија до ЕУ.
Како што јави Танјуг, во Извештајот за имплементација на договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина, се потенцира дека косовските власти се посветени на спроведување на спогодбата за формирање на Заедницата на општини во кои Србите се мнозинство.
- Порцесот на изработка на статутот на ЗСО ќе започне во Приштина веднаш откако Косово од Меѓународната телекомуникациска унија ќе го добие својот телефонски повикувачки број на 15 декември 2016 година, се наведува во извештајот.
Во документот се додава и дека процесот на изработка на статурот на ЗСО ќе се спроведува паралелно со укинувањето на „преостанатите паралелни структури на Србија во Косово“.
Согласно договорот за ЗСО, постгнат на 25 август 2015 година, Заедницата треба да функционира во согласност со Уставот и законите на Косово и ќе нема никакви извршни надлежности и нема да претставува трето ниво на власта.
Извештајот, што вчера беше презентиран на првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово, што се одржа во Брисел, претставува официјална оцена на косовските власти за текот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање