Природен феномен: Смрзнати јајца ја прекрија цела плажа во Финска
Фотографиите од смрзнатите “јајца“ со различни големини ги направил жител на Оулуа и аматерскиот фотограф Рист Матила во текот на прошетка по плажата Марјаниеми.
Според неговите зборови, првпат се сретнал со оваа необична појава иако 25 години живее во близина на морето.
„Мојата сопруга и јас стоевме таму восхитувајќи се на неверојатниот природен феномен. Бидејќи имав камера со себе, одлучив да го засведочам овој феномен“ – изјавил Матила за националната телефизија “Ile“.
Ништо неприродно
Јоуни Ваинио од финскиот Метеоролошки завод објаснил дека “смрзнатите јајца“ иако се навистина ретки, имаат научно објаснување.
За да се појават, потребно им е ретко видена комбинација на воздухот и водни услови кои се блиску до смрзнување.
“Јајцата“ се формираат околу ситните честички кои се вртат во ладното струење како снегулки со што мразот полека “расте“ околу нив.
Притоа, за овој процес клучно е да има точно одредена количина на ветер.
„Премногу ветер ќе спречи формирање на “јајца“. Од друга страна пак доколку има премалку ветер водата само би замрзнала на плажата во рамномерен слој“ – објаснил Ваинио.
Ново на Сител
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“