Примопредавање на должноста командант на Воздухопловната бригада
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се изврши примопредавање на должноста командант на воздухопловната бригада (ВБР) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) од АРМ.
Командувањето со ВБР, досегашниот командант полковник Кире Колевски, кој е на чело на оваа единица од 2008 година, ќе му го предаде на полковник Роберт Малезански, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на ВБР, информираат од ГШ на АРМ.
На примопредавањето се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, генерали од АРМ, команданти на единици од АРМ, гости од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалните самоуправи и организации со кои соработува оваа единица.
Согласно Правилото за воен протокол, по соопштување на наредбите за поставување пред присутните ќе говорат командантот на ЗОК генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, досегашниот и ново назначениот командант, а на крај од свеченоста на церемонијален начин ќе се изврши предавање на военото знаме на единицата на новоназначениот командант на единицата.
ВБР е формирана на 10 април 1992 година со одлука на Претседателот на Република Македонија како команда на против воздушната одбрана и военото воздухопловство (ПВО и ВВ). Во 2005 година со трансформацијата на АРМ, воздухопловната бригада се трансформира во воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група), а од 2012 година повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената оперативна команда.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори