Примирјето помеѓу Израел и Исламски џихад траеше само еден ден
Израелски авиони синоќа повторно нападнаа цели на милитантната група Исламски џихад во Појасот Газа.
– Нападите се изведени откако ракетни напади го прекинаа примирјето што траеше еден ден, се наведува во соопштението на израелската армија.
Во соопштението се посочува дека Израел е подготвен да го почитува примирјето ако нема нови ракетни напади.
При синоќешниот израелски напад погоден е воен објект во градот Кан Јунис всушност зградата во која се произведувале ракети и каде бил штабот на милитантите.
Неофицијалното примирје помеѓу Израел и Исламски џихад беше постигнато со посредство на Египет во сила вчера утрото, со што заврши дводневната ескалација на насилството, што почна откако Израел уби команданти на Исламски џихад.
Во борбите загинаа 34 Палестинци, од кои 16 цивили.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот