Македонија
11. јуни 2016 - 12:25

Прилеп: Свечено отворен 51 МТФ „Војдан Чернодрински“

Со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во официјалната конкуренција за награди „Име“ на театар „Комедија“, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворен 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
 
- Годинашни добитници на наградата за животно дело се: театарскиот критичар Лилјана Мазова и актерките Елхаме Билал од Албански театар и Сабина Ајрула од Драмски театар - Скопје. Наградите им ги врачи прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
 
Актерката Сабина Ајрула нагласи оти особено и е драго што наградата за животно дело ја добила од мојата нејизината фела и од, како што речче, Фестивалот и во градот со кого сум особено врзана.
 
- Во Прилеп сум одиграла многу улоги, сум снимала и особено ми е драга оваа публика. Чувството е неописиво, рече Ајрула.
 
За Елхаме Билал, наградата е потврда за четирите децении на сцената.
 
- Сите мои улоги ги чувам како ѕвезди на небото, а многу е убаво чувството кога ќе застанам пред оваа фестивалска, прилепска публика, рече Билал.
 
Според театарскиот критичар Лилјана Мазова, моќно е кога во иста вечер три жени ќе добијат вакви награди.
 
- Три жени на сцвената пред оваа прекрасна фестивалска публика, значи дека жебите владеат, нагласи Мазова.
 
Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески истакна дека македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ обврзува и во иднина да ги вложиуваат сите напори тој да остане на културната мапа, и како што рече, да остане место каде чесно и објективно ќе се вреднува создавањето на творечкиот дух - театарската претстава.
 
Прогласувајќи го Фестивалот за отворен, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ нагласи дека фестивалот и театарската сцена се местото каде најсуштински се дефинира и перцепира потребата од уметноста во нашата земја.
 
-Драмската уметност е во приоритетите на Министерството за култура. Се вложува во уметноста, во театарските објекти, а како држава поседуваме несомнен потенцијал за унапредување на драмската дејност, за поттикнување на домашното драмско творештво. Затоа, со најискрени желби, ви посакувам уште едно успешно патување низ театарската магија, рече  заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.
По свеченото отворање, публиката во големата сала од центарот за култура „Марко Цепенков“ ја виде првата претстава во конкуренцијата за награди, претставата „Име“  од Александар де ла Патиеле и Метју Делапорт во режија на Ненни Делместре, а во изведба на ансамблот на театар „Комедија“ од Скопје.
 
Во придружниот дел од фестивалската програма, на сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“, актерите од класата на професорот Сузана Киранчиска при Факултетот за драмски уметности од Скопје ја изведоа претставата „Мртви уши“ од Олег Богаев.