-->
-->
Прилеп го слави Свети Никола, патронот на градот
-->
Прилеп по 11-пат го прославува светецот заштитник, патрон на градот, Свети Никола.
Изутринава во црквата „Свето Благовештение“ ќе се одржи празнична литургија. Потоа со литии сите ќе се упатат во центарот на градот кај параклисот каде од 11 часот е централното чествување.
На булеварот „Гоце Делчев“, традиционално, ќе биде поставена посната трпеза за сите прилепчани и посетители на празникот. Годинашниот домаќин, конфекцијата „Васидора“ ги направи сите подготовки кои вклучуваа приготвување на 65.000 посни сарми.
Според Јоргос Василопулос, сопственик на „Васидора“, пет здруженија на жени ги подготвија сармите за кои беа набавени 1.200 килограми зелка, 80 килограми ориз, 40 килограми црвен пипер, 300 литри масло за готвење. А за посната трпеза за сите гости која ќе биде во центарот на Прилеп се набавени 200 килограми грав, 350 килограми риби, 100 килограми маслинки, 100 килограми овошје, 2000 литри бело и црвено вино, 100 литри ракија.
По повод празникот „Свети Никола“ во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде отворена традиционалната изложба на икони посветени на Свети Никола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба