Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на Ромите
Со кревањето на ромското знаме пред општинската зграда, Прилеп денеска го одбележува 8 април, Меѓународниот ден на Ромите. На пригодната свеченост присуствуваа претставници од ромската заедница, од локалната самоуправа и претставници од јавниот живот во градот.
Адем Мамудоски, член на општинскиот совет рече дека ромската заедница умее да учествува во унапредување на животот, особено на интеграцијата во локалната заедница.
-Како ромска заедница, не треба да се препознаваме само на 8 април. Овој ден не треба да го славиме само со музика, туку треба да докажеме дека и ние Ромите сме за еманципација, дека умееме да учествуваме во креирањето политики кои директно ќе влијаат врз интеграција и социјализација на целата ромска заедница. Кревањето на ромското знаме и одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите е потврда на одличната соработка со локалната самоуправа, рече Мамудоски кој воедно е претседател на урбаната заедница на населбата „Тризла 2“
Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, општината во континуитет прави заложби за целосно вклучување на граѓаните од ромската етничка заедница во општествените текови на современото живеење.
-Општината и целата заедница водат грижа за социо-економскиот аспект на граѓаните од ромската етничка заедница. Го почитуваме културното наследство и традицијата на нашите сограѓани Роми и ги негуваме хуманоста, еднаквоста, солидарноста и сето она што е неопходно за да живееме заедно и да создадеме подобар живот за сите наши сограѓани, рече Јованоски.
Јованоски, претседателот на општинскиот совет Миле Талевски и директорите на прилепските јавни претпријатија се сретнаа со граѓански здруженија, претставници на ромската заедница и на урбаната заедница „Тризла 2“. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат Ромите од градот, како и за приоритетните проекти кои оваа година треба да бидат реализирани, со цел подобрување на секојдневното живеење на граѓаните од ромската етничка заедница.
Во Прилеп живеат околу 5 000 Роми.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами