Прилеп го одбележува Денот на ослободувањето
По повод 3 ноември и 72 годишнината од ослободувањето на Прилеп, денеска делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борци, од АРМ, на политички партии и граѓани положија цвеќе пред споменикот во месноста Песјо Брдце каде што се водела завршната борба за ослободување на градот, пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на идеологот на Народната револуција, Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и им оддадоа почит на загинатите борци и на залужните прилепски дејци.
По повод денот на ослободувањето на Прилеп вечер на патеката на славните на „Арт“ плоштадот пред Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе бидат врежани имињата и на истакнатите прилепчани: Блаже Алексоски, режисер и актер, на музичарот Љубен Димкароски и на писателот Петар Башески.
Вечер од 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на свечена седница ќе бидат доделени наградите „3 ноември“ што ги доделува градот секоја година на залужни поединци и институции кои придонесле за афирмација и за развојот на Прилеп.
Наградата за животно годинава градот му ја доделува на Ѓорѓија Џорџ - Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.
Плакети по повод 3-ти Ноември добиваат: конфекцијата „Васидора“, средното училиште ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, основното училиште „Кирил и Методиј“ од Канатларци, фирмата „Футура“, здруженијата: „прилепски бранители“ и „Карпалак“, Здружението на резервни воени старешини”, „Младински Совет“, фирмата „Трио-95” и „Народна техника“.
Дипломи по повод 3-ти Ноември годинава добиваат: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски.
Ново на Сител
-
Околу 6.400 Палестинци се водат како исчезнати од избувнувањето на војната во Газа
-
САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа
-
Кривична за разрешената в.д. организациска директорка на Токсикологија, Бесија Иљази
-
Лажна кампања за тргување со крипто валути се шири на социјалните мрежи, алармира МВР
-
На петте најдобри студенти кои завршиле медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството
-
Во Скопје санкционирани 122 возачи
-
Приведени крадци во Кавадарци
-
Неготино со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар