Пријавени пожари во стан во Скопје и во две куќи во Струга и Гостивар
Пожари се пријавени вчера во стан во скопски Карпош и во две куќи, во Струга и во Гостивар, но според Билтен на МВР, нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе се утврди.
Во Полициска станица Карпош, вчера во 02.10 часот Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Во СВР Охрид, пак, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во куќа на ул. „Ристо Крле“ во Струга, сопственост на Ј.Р.(31), настанал пожар од кој биле опожарени повеќе простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.
Пожар настанал и во куќа во гостиварско село Здуње, сопственост на Р.Ш, а бил пријавен вчера во 11.10 часот во Полициска станица Гостивар. Интервенирала гостиварската противпожарна единица, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?