-->
-->
Прием на пливачот Марко Блажевски во Агенцијата за млади и спорт
-->
Директорот на Агенцијата за млади и спорт мр. Марјан Спасески го прими најдобриот пливач и остварувачот на норма за ЛОИ во Рио, Марко Блажевски. Успесите кои тој ги оствари во Москва со освојување на 5-то место на Светскиот куп ги продолжи во Казан Русија на 400 метри мешано каде оствари норма за настап на претстојните олимписки игри.
Блажевски оствари резултат 4:25.57 на 400 метри мешано, додека пак нашата најдобра пливачка Анастасија Богдановски на истото натпреварување оствари норма за ЛОИ пливајќи 56.12 на 100м слободен стил, а 200 метри слободно исплива за 2:01.28, што се нови државни рекорди.
Инаку Блажевски веќе има статут спортист од меѓународна категорија, што значи дека правото за паричен надоместок му се продолжува за уште две години, кој случај е идентичен со нашата најдобра пливачка Анастасија Богдановски.
Спасески од името на сите вљубеници во спортот му посака успех во сите наредни континентални случувања, посебен акцент ставајќи на неговиот настап на Олимписките игри во Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден