При акциска контрола на МВР пронајдена дрога и приведени две лица
– Полициски службеници при контроли во текот на минатата ноќ кај едно лице во Гевгелија пронашле марихуана, а кај друго лице во Скопје е пронајден кокаин, соопшти денеска МВР.
Како што информира МВР, во текот на изминатата ноќ во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на Секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, во координација со Управата за јавни приходи, спроведена е акциска контрола во повеќе угостителски објекти на територијата на целата држава, како и контроли на лица и патнички возила.
– При контролата, пред објект во Гевгелија кај Д.С. од Гевгелија била пронајдена марихуана, додека во угостителски објект во Скопје кај А.З. од Скопје бил пронајден кокаин, се наведува во соопштението.
Лицата се лишени од слобода поради основи на сомнение за сторено кривично дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Санкционирани се и пет лица поради непоседување на документи за лична идентификација, се додава во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица