Презентиран урбанистичкиот план за градските гробишта во Валандово
Во просториите на општина Валандово денеска се изврши јавна презентација на урбанистичката планска документација со која всушност започнува втората фаза од реализацијата на проектот „Градски гробишта“ во Валандово.
Со стручно презентирање на планот од секторот за урбанизам на општина Валандово беше објаснето дека реализацијата на втората фаза од проектот опфаќа парцелизација на површината, уредување на внатрешна коловозна патека и споредни пешачки патеки, изградба на пристапни скали, простор за алеа на великани и паркинг.
Покрај ова просторот за новите градски гробишта во Валандово ќе изобилува со зелени површини на кои ќе бидат засадени 80 садници млади дрвца, а од урбана опрема предвидено е поставување 24 клупи, 12 маси и чешми.
Веднаш по презентацијата на планскиот документ почна да тече рокот за јавната анкета што ќе трае до 7 декември. До тогаш заинтересираните граѓани и правни лица од подрачјето опфатено со планот ќе можат на анкетни листови да доставуваат предлози, мислења и забелешки.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости