Презентација на рускиот извештај од надзорот во македонската месна индустрија
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски денеска, заедно со претставници на Македонско-руската стопанска комора и Општина Свети Николе, ќе ја посети месната индустрија МИК „Свети Николе” каде ќе ги презентира деталите од Извештајот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација за извршената контрола на македонските оператори со храна од животинско потекло кои пројавија интерес да извезуваат на пазарот на Руската Федерација.
Презентирани ќе бидат и идните активности за отстранување на детектираните недоследности со извршените контроли од страна на претставниците на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација по кои во соработка со Агенцијата треба да постапат компаниите во наредните 60 дена.
Ново на Сител
-
Мицкоски домаќин на шефицата на Европската комисија Усрула Фон Дер Лајен
-
Во МНР средба на македонско-бугарската историска комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да ја поддржи визијата на премиерот Мицкоски
-
Таравари очекува мерки и за лекарите во клиниката Козле
-
Здравствените работници се вакцинираат против сезонски грип
-
Информатичките науки столб за секој бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов