Балкан
23. July 2023 - 20:13

Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез

Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел на Пелопонез, превентивно, да се евакуираат поради активни пожари во конкретните региони, јави дописничката на МИА од Атина. 

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информираше во Грција денеска избувнале 64 нови шумски пожари, а пожарникарите ширум земјата се справуваат со вкупно 82.

Освен оној на Родос, активни се уште три големи пожари, во близина на Каристос на Евија, каде што од три жаришта едно е ставено под контрола, на  Крф и во близина на Егио на Пелопонез, а сите пожари се гаснат од копно и воздух.

За големиот пожар на Родос активен веќе шести ден, Ватракојанис објасни дека го гаснат 266 пожарникари со 16 пешадиски тима и 55 возила, десет авиони и пет хеликоптери, а помагаат и пожарникарите од европскиот механизам за цивилна заштита, како и силите испратени на билатерално ниво.