Превентивни активности на МВР насочени на децата, лицата мигранти и на самозаштита од имотни деликти
Во текот на вчерашниот ден (22.10.2023) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје и Куманово, како и на Регионалниот центар за гранични работи Југ, поточно на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица беа реализирани превентивни активности.
Така, во заедничка соработка на СВР Скопје и Полициско одделение Сарај беа организирани активности на подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров, при што од страна на инспектори на паркинг просторот во близина на излетничко-туристичкиот центар „Кањон Матка“ беа остварени средби со граѓаните кои ја посетија Матка. Целта на оваа превентивна активност беше спречување и намалување на кривичните дела поврзани со имотни деликти, во насока на зголемување на нивото на самозаштита и поголема безбедносна култура кај граѓаните посебно за „тешки кражби од моторни возила“. Притоа, граѓаните беа советувани да не оставаат вредни предмети во паркираните возила, особено торби со вредни предмети, лаптопи, паричници за да го намалат ризикот да станат цел на тешка кражба во нивното моторно возило.
Во фокусот на превентивната активност на Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за детско престапништво беа младите, поточно учениците од прво до трето одделение во основните училишта во Куманово, кои на спортски терен пред општинското ОУ„Крсте Петков Мисирков" во Куманово, учествуваа и се натпреваруваа во „Игри без граници“. Целта беше низ игра, забава и меѓусебно дружење кај учениците да се подигне на свесноста за благодатите кои им ги носи спортот, но и да се укаже на задачата која ја има полицијата во зголемување на безбедноста во заедницата и околу училиштата, која е примарна за безгрижно поминати училишни денови.
„Илегална миграција и права на лицата мигранти“ беше тема на превентивната активност спроведена во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, заедно со полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Притоа, полициските службеници реализираа едукативни средби со лицата мигранти кои се моментално сместени во овој прифатно-транзитен центар, на кои низ непосреден разговор им ги презентираа одредбите од Законот за меѓународна и привремена заштита и за правото на азил, а беа споделени и едукативни летоци на повеќе јазици со корисни содржини во однос на нивните права.
Ново на Сител
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности
-
Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%
-
Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа