Превенцијата и раното откривање на ракот на кожата клучни за намалување на смртноста
Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на Сонце, порачуваат докторите. Годишно се регистрираат по двесте нови случаи.
Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. По тој повод, Министерство за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија утре на Медицинскиот факултет организираат трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“, информира ресорниот министер Венко Филипче на неговиот ФБ профил.
Покрај министерот Филипче на трибината ќе се обрати и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ